Следните пет дена прекин во водоснабдувањето во Љубанци
- Следните пет дена, почнувајќи од утре до понеделник, од 9 до 15:30 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето во скопското село Љубанци.

Скопје, 10 август 2022 (МИА) - Следните пет дена, почнувајќи од утре до понеделник, од 9 до 15:30 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето во скопското село Љубанци.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, корисниците ќе бидат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа и технички зафати во каптажата во село Љубанци. мд/лв/