• четврток, 26 февруари 2026

Следниот круг преговори за завршување на војната во Украина најверојатно ќе се одржат во САД

Следниот круг преговори за завршување на војната во Украина најверојатно ќе се одржат во САД

Абу Даби, 5 февруари 2026 (МИА) – Во Абу Даби денеска завршија дводневните мировни преговори ппмеѓу Русија и Украина со посредство на САД, при што е договорено размена на 314 воени заробеници, најголема бројка во изминатите пет месеци.

Двете завојувани страни и покрај тоа што неуспеаја да постигнат договор за прекин на огнот, преговорите ги оценија како позитивни. И американски специјален пратеник Стив Виткоф тристраните преговори ги оцени како конструктивни и најави нивно продолжување следните недели.

Главниот украински преговарач Рустем Умеров синоќа изјави дека првиот ден од преговорите бил „значителен и продуктивен, со акцент на конкретни чекори и практични решенија. Додека специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев денеска наведе дека е постигнат напредок.

Но, Дмитирев ги обвини европските сојузници на Украина дека со нивната поддршка ја продолжуваат војната.

- Воените подбуцнувачи од Европа, од Велика Британија постојано се обидуваат да го попречуваат овој процес, постојано се обидуваат да се мешаат во него. И колку повеќе такви обиди има, толку повеќе гледаме дека дефинитивно се постигнува напредок, наведе Дмитриев.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата најави дека следниот круг преговори најверојатно ќе се одржат во САД.

- Тоа што може да се каже е дека следните средби се планирани во блиска иднина. Веројатно во Америка, посочи Зеленски.

Предуслов за каков било мировен договор Русија инсистира на повлекување на украинските сили од Донбас, додека Украина бара замрзнување на судирот на сегашната линија на фронтот и одбива еднострано повлекување на армијата. Киев, исто така, сака контрола врз најголемата нуклеарна електрана Запорожје, која се наоѓа на територија под контрола на Русија. ми/

фото: 

Остани поврзан