• петок, 05 декември 2025

Следниот викенд завршува летното сметање на времето, на 26 октомври почнува зимското

Следниот викенд завршува летното сметање на времето, на 26 октомври почнува зимското

Скопје, 15 октомври 2025 (МИА) - Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. 

Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан