• петок, 05 декември 2025

Славески: Регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на НБ

Славески: Регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на НБ

Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии.

-Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии, напиша Славески на својот пост на Фејсбук. вј/дма/

Фото: МИА архива и Трајко Слевски

Остани поврзан