• сабота, 18 мај 2024

Слаб снег провејува на Попова-Шапка

Слаб снег провејува на Попова-Шапка

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Слаб снег провејува на Попова-Шапка кој во моменов не се задржува на коловозот, соопшти попладнево ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан