• понеделник, 01 јули 2024

Слаб снег на Попова Шапка и во југозападниот дел од државата

Слаб снег на Попова Шапка и во југозападниот дел од државата

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информира дека сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Слаб снег којшто не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, а врнежи од слаб снег има и во југозападниот дел од државата.  

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан