• сабота, 23 ноември 2024

Скулптурите на Никола Смилков изложени во Стариот град во Будва

Скулптурите на Никола Смилков изложени во Стариот град во Будва

Штип, 19 јуни 2022 (МИА) - Во Стариот град во Будва, Црна Гора, беше отворена изложба на македонскиот академски вајар Никола Смилков.

Во Модерна галерија „Јово Ивановиќ“ до 15 јули ќе бидат изложени 18 скулптури изработени во бронза, дел од циклусот на тема Емоции

Кустос на изложбата е Тања Јоветиќ, виш кустос, а изложбата ја отвори директорката на ЈУ „Музеј галерија Будва”, м-р Луција Џурашковиќ, која е и автор на ликовната критика во каталогот.

Покана да ја реализира изложбата Смилков ја добил минатата година, кога ја освои гран-при наградата за скулптура на Меѓународното биенале на акт, „Марко Крстов Грегориќ“.

Следната изложба на делата на македонскиот скулптор и универзитетски професор Смилков е на 25 јуни во Тамјаница, Општина Ниш во Република Србија.

Смилков за МИА вели дека оваа изложба ќе биде поставена во поле од лаванда. Летово ќе има уште две претставувања на неговите дела во Корчула и Сплит, Република Хрватска.

Неговата скулптурата „Копнеж“ учествуваше и на Интернационалното уметничко биенале, кое беше дел од културните активности на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг, НР. Кина. вдј/ар/

Остани поврзан