• сабота, 23 ноември 2024

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат

СКСЗМ одржа Годишно собрание, избрани новите структури за следниот мандат
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) вчера го одржа своето Годишно собрание, каде беа избрани новите структури за следниот мандат. - Во ова собрание, се направија статутарни измени, каде се предвидуваат можностите за спроведување на седниците на Собранието на СКСЗМ он лајн, што ќе помогне во зголемување на ефикасноста на органите на Комората за време на пандемијата, информираат од СКСЗМ. На годишното собрание беа избрани новите структури за следниот мандат, каде за прв пат во структурите на СКСЗМ покрај новите потпретседатели Салим Хасани од компанијата „Модинг“, Ејуп Абдулаи од компанијата „Флуиди-М“, Арсим Папранику од компанијата „Нептун“, дел е и Влора Адеми од компанијата „Digicube“ и претставничка на Групацијата на Бизнис Жени во СКСЗМ. СКСЗМ ги поддржува стопанствениците низ целата земја, со посебен акцент за женското претприемништво и младите претприемачи. - СКСЗМ како институција е основана за да го поддржува и да му на служи деловниот сектор, со тоа што својата работа ја темели врз својата мисија и визија. СКСЗМ ги организира, штити интересите и ги промовира бизнисите дома и во странство и покрај предизвиците на глобалната конкуренција, со цел да стане водечка организација во застапување на интересите на бизнисите и создавање погодна средина за развој, соопштуваат од СКСЗМ.фф/дма/

Остани поврзан