• сабота, 21 декември 2024

Скопје домаќин на меѓународен турнир во спортската дисциплина “Бочија“

Скопје домаќин на меѓународен турнир во спортската дисциплина “Бочија“

Скопје, 29 јуни 2024

Проектот „Мобилна личност, успешна индивидуа“, поддржан од Град Скопје согласно програмата за активностите од областа на социјалната заштита е дел од континуираните заложби на градот за инклузија и грижа за сите. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес го отвори меѓународниот турнир во спортската дисциплина “Бочија“, кој е во организација на здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност, а со поддршка на Град Скопје.

Спортистите на турнирот во Бочија која е Параолимписка дисциплина од 1984 година, покажаа со своите позитивни заложби и спортски напори пример за сите, а обаа спортска игра преставува одличен начин лицата со телесен инвалидитет да ги покажат своите способности.

Град Скопје во изминатите вложува активно за подобрување на квалитетот на животот на лицата со телесен инвалидитет преку реализација на повеќе проекти, со што се постигуваат целите за зголемувањето на мобилноста, зголемување на интеграцијата и свесноста во општеството за лицата со попреченост. На натпреварот, кој се одржа во средното училиште на Град Скопје Михајло Пупин, учествуваа 10 екипи од Македонија и регионот.

Одделение за односи со јавност - Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан