• недела, 22 декември 2024

Скопјанец приведен за тешка кражба на дрзок начин

Скопјанец приведен за тешка кражба на дрзок начин

Скопје, 29 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ноќеска околу 2 часот го лишеле од слобода А.Б. (33) од Скопје, поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Како што информира денеска МВР, А.Б. се сомничи дека на 25 април во близина на зградата на националната радио-телевизија во Скопје одзел пари од 60-годишниот Ф.С.

Во присуство на дежурен јавен обвинител, денеска е извршено препознавање, при што оштетениот со сигурност го посочил А.Б. како сторител на делото.

По документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, посочуваат од МВР. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан