• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Скопјанец обвинет за демнење на неговата поранешна сопруга

Скопјанец обвинет за демнење на неговата поранешна сопруга

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение за 44-годишен скопјанец кој се сомничи за демнење, односно поради тоа што ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави повторен контакт со неа.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата каде живеела оштетената и ја следел до работното место, појаснуваат од Републичкото јавно обвинителство.

Оттаму додаваат дека во телефонските повици и пораките се заканувал и ја навредувал, психички ја вознемирувал и ја застрашувал, предизвикувајќи кај оштетената чувство на несигурност, загрозување и страв за личната безбедност. сст/ев/

Фото МИА архива

Остани поврзан