• недела, 22 декември 2024

Скопјанец донесен со повреди од огнено оружје во ГОБ „Св.Наум Охридски“

Скопјанец донесен со повреди од огнено оружје во ГОБ „Св.Наум Охридски“
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Дваесет и осумгодишно лице од Скопје ноќеска било донесено во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје. Како што соопшти МВР, денеска во 02:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен Н. М. (28) од Скопје со повреди од огнено оружје, а кои, според пријавеното, му биле нанесени на булевар „Јане Сандански“ во Скопје. Н. М. како напаѓач посочил лице од село Горно Оризари, скопско. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на настанот. мс/лв/

Остани поврзан