• петок, 22 ноември 2024

Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од 2023.

Скок на продажбата на „Порше“ во првото полугодие од 2023.

Штутгарт, 12 јули 2023 (МИА) - Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ денеска објави голем скок во продажбата во првата половина од годината, благодарение на засилената побарувачка на домашниот и странскиот пазар воопшто. Тоа значи - од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, што е 15 отсто повеќе од истиот период лани, соопштија оттаму.

Најмногу е зголемена продажбата во Германија, па во другите европски земји, за 24 и 23 отсто, соодветно. Во Кина, бројката е за околу осум насто поголема, а во Северна Америка - околу 12 насто повеќе од лани.

- По првите шест месеци (од оваа година) може да бидеме задоволни со испораките, заклучи шефот на продажба, Детлев фон Платен.

Особено барани биле теренските возила - со 26 отсто повеќе продадени „Мекени“ и 12 насто повеќе „Кајени“. Се издвои и спортскиот автомобил „911“, со зголемување на продажбата за 21 отсто.  Продажбата на електричниот „Тајкан“, од друга страна, е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, како што објави компанијата.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан