„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума со две награди на Сараевскиот филмски фестивал
- Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на Сараевски
Скопје, 19 август 2022 (МИА) - Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал.
Станува збор за Синелинк награда од Филмскиот центар на Србија во вредност од 10.000 евра и наградата „Женски гласови“ од Словенскиот филмски центар исто така во износ од 10.000 евра.
-Огромно е признанието кое пристигнува од Сараево, од најзначајниот регионален копродукциски маркет, бидејќи „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција за награди со 46 филмски проекти во развој во конкуренција, а го препознаа две жирија, меѓународни, составени од признаени филмски дејци независни едно од друго, се вели во заедничкото соопштение од Агенцијата за филм и „Сестри и брат Митевски“.
Проектот на Дума уште од почетокот предизвикува големо внимание во меѓународните филмски кругови, а беше селектиран и како еден од шестте филма во најпрестижната програма за развој на Канскиот филмски фестивал 2022. ки/бак/