• недела, 22 декември 2024

Си го вратил моторот украден пред 28 години

Си го вратил моторот украден пред 28 години
Хартфорд, 5 мај 2020 (МИА) - Во рација во складиште во американската сојузна држава Конектикат, поточно во главниот град Хартфорд, полицијата пронајде поголем број украдени мотори и теренски возила. Така, за еден Кавасаки Ка-икс потоа се дознало дека е украден 1992 година. Негов сопственик бил Џонатан Хагински. Тој го купил моторот на свои 17 години, а му го украле по само еден месец. Кавасаки моторот е во добра состојба, но сепак, некои делови ќе мора да се поправат. Тоа пак, не би било никаков проблем, оти Хагински има свој сервис за мотори и теренски возила.  си/ми/

Остани поврзан