Сиљановска – Давкова го прими мароканскиот министер за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници Бурита
- Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој престојува во официјална посета на земјава.
Скопје, 22 јули 20225 (МИА) – Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита, кој престојува во официјална посета на земјава.
Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Мароко, како една од водечките земји во МЕНА регионот е природен политички и економски мост меѓу Европа и Северна Африка, со клучна улога во регионалната стабилност и просперитет, како и во гарантирањето меѓународен мир и безбедност.
Министерот Бурита, во својата прва официјална посета на македонската држава, препознава почеток на нова ера во градењето меѓусебни односи. Сиљановска-Давкова ја истакна важноста од меѓусебната соработка во меѓународните организации, а особено во рамките на ОН, Меѓународната организација на франкофонијата, како и во Унијата за Медитеранот. За соговорниците, Билатералниот договор за културна соработка, којшто владите го потпишаа во декември минатата година, ќе го продлабочи меѓусебното разбирање и почит, стои во соопштението.
Мароканскиот министер, додаваат, изразил подготвеност за стратешка соработка во сферата на енергијата и во името на мароканскиот крал ѝ упатил покана на Сиљановска – Давкова за посета на Кралството Мароко. ра/мд/
Фото: Кабинет на претседател на Република Северна Македонија