Сити сè уште не разговарал за нов договор со Агуеро, фудбалерот сака да ги знае плановите на клубот
- Манчестер сити сè уште не започнал преговори со напаѓачот Серхио Агуеро за нов договор. Двете страни не се активни во врска со ситуацијата, иако договорот на 32-годишниот Аргентинец со „граѓа

Манчестер, 8 февруари 2021 (МИА) - Манчестер сити сè уште не започнал преговори со напаѓачот Серхио Агуеро за нов договор. Двете страни не се активни во врска со ситуацијата, иако договорот на 32-годишниот Аргентинец со „граѓаните“ истекува на крајот на јуни 2021 година.
Агуеро има различни опции за кариера. Сепак, првото нешто што играчот сака да го направи е да слушне за плановите на Манчестер сити.
Претходно беше објавено дека Барселона може да потпише со Агуеро за да го убеди Лионел Меси да остане, а самиот Серхио ќе биде среќен што ќе се пресели во каталонскиот клуб.
Оваа сезона, Агуеро одигра само пет натпревари во Премиер лигата за Сити, бидејќи долго време закрепнуваше од повреда, а потоа се разболе од коронавирус. зс/