• четврток, 22 мај 2025

Сити купува голман од Порто

Сити купува голман од Порто

Манчестер, 20 април 2025 (МИА) - Раководството на Манчестер Сити размислува да го ангажира голманот на Порто, Диого Коста ова лето, пренесе британски „Мирор“.

Според изданието, договорот на 25-годишниот голман вклучува ослободителна клаузула од 63 милиони фунти. 

„Граѓаните“ сметаат дека оваа сума е превисока и очекуваат дека ќе можат да го купат играчот за 50 милиони, со оглед на добрите односи меѓу новиот спортски директор на англискиот клуб Уго Вијана и агентот на играчот - Жорге Мендеш.

Коста оваа сезона забележа 41 настап за Порто во сите натпреварувања, задржувајќи ја мрежата „сува“ дури 18 пати. 

Неговиот договор со португалскиот клуб е до летото 2027 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан