• среда, 15 мај 2024

Сити го освои Лига Купот на Англија

Сити го освои Лига Купот на Англија
Лондон, 1 март 2020 (МИА) - Манчестер Сити го освои Лига Купот во Англија за трета година по ред, откако ја победи Астон Вила со 2:0 на „Вембли“. Тимот на Пеп Гвардиола во голема мерка реши се до 30-тата минута од натпреварот кога двапати реализираше преку Серхио Агуеро (20) и Родри (30). На крајот од првиот дел, Мбавана Самата (41) врати еден од головите, но играчите од Бирмингем немаа многу шанси да се вратат целосно во мечот. Едвај во последните минути, Бјорн Енгелс ја стресе гредата. Ова е петти трофеј за Сити на турнирот во последните 7 години, а уште поимпресивно е постигнувањето на Пеп Гвардиола, кој го освои своето 21-во финале од 25-те во кои ги водел своите тимови.

Тагови

Остани поврзан