• петок, 22 ноември 2024

Сите термини за вакцинирање во кичевската болница зафатени, постарите жители заинтерсирани да се вакцинираат

Сите термини за вакцинирање во кичевската болница зафатени, постарите жители заинтерсирани да се вакцинираат

Кичево, 1 април 2021 (МИА) - Термините за првите 500 вакцини  „Астра Зенека“ добиени во кичевската Општа болница се во целост зафатени, потврди д-р Неџат Балажи кој оценува дека интересот на постарите жители на оваа општина за имунизација од Ковид 19 е исклучително голем.

-Изненадувачки голем е интересот на нашите постари сограѓани да се вакцинираат против Ковид-19.Така само во изминатите два дена пријавени се над 500 граѓани постари  од 77 години, кои изразија желба да ја примат првата вакцина против Ковид-19 на британскиот производител Астра Зенека.Оваа бројка на вакцини очекуваме да бидат потрошени до наредниот петок, до кога две екипи составени од сестра и лекар ќе вршат имунизација на нашето население, рече д-р Балажи.

Според неговите зборови бројот на новозаболени секојдневно е во пораст, како и бројот на починати, но овие бројки се уште се под рамништето на градови и општини со големина на Кичево, иако притисокот на новозаболени секојдневно е се поголем, констатира тој.

-Во последните седум-осум дена и во нашата болница бележиме забрзан пораст на новозаболени од Ковид-19 и за жал се поголем е бројот на лица кои ја загубија битката со коронавирусот, како што тоа се случи денес кога починаа двајца пациенти. Моментално во модуларниот ковид центар во нашата Општа болница имаме хоспитализирано 30 пациенти, од кои седум се примени во текот на денешниот ден, вели Балажи и  порача на граѓаните дека британскиот сој на коронавирусот е исклучително вирулентен и предизвикува поголема смртност и затоа апелира до сите сограѓани задолжително да носат маски, да не се групираат и да одржуваат редовна хигиена на рацете.

Истакнува дека ако не се придржуваат кон овие препораки, тогаш и бројот на новозаболени ќе биде и уште поголем

.Балажи појасни дека главен индикатор за зголемениот број новозаболени, се и секојдневните гужви на ренген, лабораторија и за тестирање.за/скс/

Остани поврзан