Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли
- Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли - покрај тие што веќе се користеа во наставниот процес, обезбедени се и преку проектот „Поддршка на образовниот процес и с

Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли - покрај тие што веќе се користеа во наставниот процес, обезбедени се и преку проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“.
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски при денешната посета на ОУ „Круме Кепески”, кое е едно од училиштата што доби смарт-табли со овој проект, истакна дека осовременувањето на училиштата преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на Општина Кисела Вода.
Тој се заблагодари на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Мицковски, со кого го посети училиштето, за тоа што е овозможен проект со кој се обезбедени дополнителен број дигитални табли во општинските училишта кои го унапредуваат наставниот процес.
Проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ се спроведуваше во изминатите два месеца.
Носител на проектот е Центар за развој на Скопски плански регион, кој со финасиски поддршка од Владата, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, овозможи снабдување со 54 дигитални табли во27 училишта во трите општини. хс/ац/