• петок, 17 мај 2024

Сисоко премина од Тотенхем во Ватфорд

Сисоко премина од Тотенхем во Ватфорд

Лондон, 27 август 2021 (МИА) – Францускиот репрезентативен играч за врска Муса Сисоко (32) премина од Тотенхем во Ватфорд со кој потпиша двегодишен договор.

Сисоко за својот нов клуб би можел да дебитира веќе в недела против довчерашните соиграчи.

Вредноста на трансферот се проценува на десет милиони фунти.

Французинот одигра 202 натпревари за Тотенхем откако пристигна во лондонскиот премиерлигаш во 2016 година од редовите на Њукасл. ег/

Остани поврзан