• петок, 22 ноември 2024

Синтетичките антитела го намалуваат ризикот од инфекција со Ковид-19 за 80 проценти

Синтетичките антитела го намалуваат ризикот од инфекција со Ковид-19 за 80 проценти
Вашингтон, 22 јануари 2021 (МИА) - Превентивно, третманот со синтетички антитела на американската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly) овозможува да се намали ризикот од инфекција со Ковид-19 за 80 проценти. Тоа се резултатите од студијата спроведена во домовите за стари лица во САД. „Ние сме многу задоволни од позитивните резултати, кои покажаа дека бамланивимаб (заштитен знак на синтетичко антитело) ни овозможи значително да ја намалиме симптоматската форма на Ковид-19 во домовите за стари лица“, рече Даниел Сковронски, научен експерт во компанијата. Студијата доби поддршка од американската Влада. Беше спроведена врз 299 лица од старечки домови и меѓу 666 лица од персоналот во нив. Сите биле тестирани негативни пред третманот со синтетички антитела. Учесниците во експериментот добија по 4,2 грама бамланивимаб, односно плацебо. По осум недели, ризикот од инфекција со Ковид-19 е намален за 80 проценти кај луѓето кои примале синтетички антитела. Четворица возрасни починале за време на експериментот - сите тие беа на плацебо. Резултатите добиени од фармацевтската компанија „Ели Лили“ експертите ги оценуваат како многу ветувачки. Профилакса со синтетички антитела може успешно да се комбинира со вакцини развиени против Ковид-19. паг/

Остани поврзан