• четврток, 04 декември 2025

Синер победник на турнирот во Виена

Синер победник на турнирот во Виена

Виена, 26.октомври 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето го совлада Александар Зверев од Германија со 2:1 во сетови (3:6; 6:3 и 7:5).

Синер до победата стигна со пресврт и пред сè со подобра игра во вториот и третиот сет. Финалниот меч траеше 2 часа и 30 минути, а присутната публика можеше да ужива во добриот тенис.

За Синер ова беше четврта титула сезонава, а вкупно 22.ра во кариерата.

Синер веќе најави дека до крајот на годината ќе ја пропушти завршницата во Дејвис купот, но сепак ќе се појави на завршницата на Мастерсот во Торино. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан