• сабота, 25 јануари 2025

Синер не му замерува на Ѓоковиќ што го поддржува Зверев

Синер не му замерува на Ѓоковиќ што го поддржува Зверев

Мелбурн, 25 јануари 2025 (МИА) - Се крена голема „прашина“ за јавната поддршка на Новак Ѓоковиќ за Александар Зверев пред финалето на Австралија опен со Јаник Синер.

Сепак, главниот актер на овој меч и играч број еден во светот не му се лути на Ѓоковиќ за оваа изјава, туку напротив застана на негова страна, по нападот од Италијанската тениска федерација.

Имено, оваа изјава стигна и до Анџело Бинаги, претседател на Италијанската тениска федерација, кој изрази незадоволство од коментарите на Ѓоковиќ и ги окарактеризира како „голем пад“ за српскиот тенисер.

-Новак и Зверев се пријатели и се познаваат долго време. Нема злоба кон мене, се е во ред. Знам дека Зверев имаше и други шанси да освои Гренд слем турнир, се може да се случи во недела. Јас само размислувам да дадам се од себе, рече Синер.

Финалето меѓу Синер и Зверев се игра во недела од 9:30 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан