• вторник, 20 август 2024

Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Синер го освои Мастерсот во Синсинати

Синсинати, 20 август (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер ноќеска го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати, САД со резултат 7:6 (7:4) и 6:2.

Во меч што траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси.

За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан