• среда, 20 ноември 2024

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии

Синдикатот на Управата за матични книги ги усогласи барањата со Министерството за правда, се чека одговор од Министерството за финансии
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ги усогласил барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест пред Министерството. Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии. - Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата ..... Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија - КСОМ. Тој соопшти дека со новата плата што ја зеле вработените повеќе нема никој во Управата со плата под минималната од 18.000 денари. Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата. бак/лв/ фото: МИА

Остани поврзан