Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права на Правниот факултет во Штип
- Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права, ќе се одржи денеска со почеток во 12.00 часот, во Судницата на Правниот факултет при УГД – Штип.

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права, ќе се одржи денеска со почеток во 12.00 часот, во Судницата на Правниот факултет при УГД – Штип.
Настанот ќе биде изведен од страна на студентите кои претходно учествувале на меѓународни натпревари по истата тематика.
Со овој настан, се одбележува и Меѓународниот ден на човековите права, а истиот е дел од активностите на Центарот за меѓународно право и меѓународни односи при Правниот факултет - Универзитетот „Гоце Делчев“ кој е член на Open Council of Europe Academic Networks (OCEAN) мрежата при Советот на Европа, наведуваат од факултетот. вг/нд/
Фото: Плакат