• четврток, 09 мај 2024

Симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите

Симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Македонското здружение за лифтови во соработка со здруженијата од Хрватска и Бугарија денеска и утре во Скопје организира трет симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите.

Здружението информира дека пријавени се учесници од 13 земји од регионот и пошироко, а главна тема на настанот е „Безбедноста на лифтовите во сеизмички услови“.

-Овојпат темата за лифтовите во сеизмички области е посебна, а поводот е 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, соопшти Македонското здружение за лифтови. хс/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан