• недела, 09 февруари 2025

Симеоне за мадридското дерби: Двата тима можеа подобро

Симеоне за мадридското дерби: Двата тима можеа подобро

Мадрид, 9 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги искажа своите впечатоци за синоќешниот натпревар со Реал Мадрид.

Мадридското дерби во 23. коло од Ла Лига заврши нерешено 1:1.

- Имавме добро прво полувреме, но ни недостигаше смиреност да играме подобро. Второто полувреме започна со нивниот гол, гредата и поголем интензитет од нивна страна. Џулијано Симеоне имаше свои шанси, Љоренте имаше уште две. Заврши нерешено иако двата тима можеа подобро. Ние сме биле подобри во важни ситуации во близина на шеснаесетникот. Имавме чувство дека можеме да постигнеме нешто повеќе, изјави Симеоне.

По 23 одиграни натпревари Атлетико е втор во ЛА Лига со 49 бодови, Реал Мадрид е лидер со 50. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан