• петок, 22 ноември 2024

Симевски: Нема ново одложување на пописот

Симевски: Нема ново одложување на пописот
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски вели дека не е планирано ново одложување на пописот во септември и оти тој ќе се спроведе во предвидениот период. Се разбира, нагласува тој, ќе се следи епидеиолошката ситуација, а пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита. Дополнително, додава Симевски, попишувачите ќе бидат вакцинирани во август пред почетокот на пописот. -Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки. Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни. Во септември времето е се уште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено. Очекуваме дека и поголем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Од Министерството за здравство сме информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани, изјави Симевски во Утрински Брифинг. Прашан дали се реални очекувањата пописот да регистрира не повеќе од 1,6 милиони жители во државата, директорот на ДЗС рече дека стравува оти би можеле да се остварат и дека загрижува тоа што голем број луѓе се отселуваат. -Показателите кои ги прибираме со статистичките истражувања во однос на раѓањата укажува дека имаме континуиран пад на раѓањата дома, додека расте на раѓањато во странство. Сето ова укажува дека добар дел од нашата популација е иселена од државата. Оттука е и мојот страв дека бројките на населението се помали. Податоците што ги гледав се запрепастувачки. Податокот од германскиот статистички завод е дека крајот на 2020 година во Германија имаме 128.000 македонски државјани кои престојуваат таму, со одобрение за престој. Тоа е огромна бројка. Не знаеме колкав е бројот на наши лица кои потекнуваат од Македонија, а имаат германско државјанство, бидејќи Германците не дозволуваат двојно државјанство, но исто така немаме податок колку наши државјани отишле таму со бугарски пасош, бидејќи ги сметаат како бугарски државјани, а таква бројка е близу 300.000. Само овој податок ќе ве замисли. Каде се останатите европски земји, прекуокеанските земји. Од она што сега го прибираме со самопопишувањето во страство, верувајте ми дека нема точка на земјината топка каде немаме наши државјани, вели Симовски. Говорејќи за хонорарот на попишувачите директорот на ДЗС вели дека нивото на хонорарите е сосема солидно и зависи од тоа колку попишувачите ќе сработат. -Нашите планирања се тие хонорари да се движат од 20.000 до 30.000 денари, што е сосема солидно за помалку од месец дена работа вели Симевски. сст/са/         .

Остани поврзан