• петок, 05 декември 2025

Симбу победник, Ивановски заврши на 58. место на маратонот на СП во Токио

Симбу победник, Ивановски заврши на 58. место на маратонот на СП во Токио

Токио, 15 септември 2025 (МИА) - Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 58. место на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Токио.

Ивановски патеката ја помина со време два часа, 26 минути и 31 секунда.

На Мундијалскиот маратон учествуваа 90 маратонци од кои 66 поминаа низ целта.

Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија (2:09.48 часа), среброто е за Аманал Петрос од Германија (2:09.48), додека бронзениот медал му припадна на Илиас Ауани од Италија (2:09:53). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан