Силно невреме ги погоди Црна Гора и Хрватска, температурите паднаа за 10 степени
- Во градот Беране во Црна Гора падна дожд проследен со град, додека северниот и централниот дел на Истра во Хрватска беа погодени од невреме со грмежи, град и пороен дожд.

Загреб, 14 август 2024 (МИА) - Делови од Црна Гора и Хрватска денеска беа погодени од силно невреме.
Во градот Беране во Црна Гора падна дожд проследен со град, додека северниот и централниот дел на Истра во Хрватска беа погодени од невреме со грмежи, град и пороен дожд.
Првичните информации покажуваат дека невремето не предизвикало поголема материјална штета.
Поради невремето, температурите во северниот и централниот дел на Истра паднале за околу десет степени. ссм/
фото: принтскрин