• понеделник, 23 декември 2024

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја
Порт Морзби, 17 јули 2020 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала ја погоди денеска Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на 18 километри југоисточно од местото Вау, на длабочина од 85,2 километра под површината на земјата. Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во тихоокеанскиот „Огнен прстен“, формиран од ланец на сеизмички активни области и вулкани, вклучувајќи и подводни, протегајќи се на повеќе од 40.000 километри. гт/

Остани поврзан