• четврток, 21 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Џакарта, 14 април 2023 (МИА) - Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во море северно од индонезискиот остров Јава.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот беше на длабочина од 594 километри со епицентар на 96 километри од Тубан и 157 километри од Сурабаja, втор индонезиски град по бројот на жители

Земјотресот е почувствуван во голем дел од Јава, па се до островот Бали.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан