Силва: Многу лоша сезона за Манчестер сити, нешто треба да се промени
- Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, смета дека актуелната сезона е многу тешка и лоша за тимот.
Манчестер, 19 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, смета дека актуелната сезона е многу тешка и лоша за тимот.
- Научивме многу нови работи, во лоши времиња се учат нови работи. Најпрво, со кого би влегле во војна, бидејќи во тешки ситуации го гледате вистинското лице на луѓето. Тешка сезона е за нас и многу, многу лоша. Нешто треба да се смени, но раководството треба да одлучи. Јас имам свое мислење, но нешто дефинитивно треба да се смени, изјави Силва.
Манчестер сити утре ќе игра против Бормут во претпоследното, 37. коло од англискиот шампионат.
Во моментов Граѓаните се на шестото место во Премиер лигата со 65 бодови. зс/
Фото: ЕПА