• четврток, 20 февруари 2025

Си-Би-Ес Њуз: Администрацијата на Трамп воведе привремена забрана за имиграциските молби од Украина и Латинска Америка

Си-Би-Ес Њуз: Администрацијата на Трамп воведе привремена забрана за имиграциските молби од Украина и Латинска Америка

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги суспендира сите имиграциски молби поднесени од мигранти од Украина и Латинска Америка, кои беа примени во САД преку програми воведени за време на администрацијата на Џо Бајден, јавува Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори во американската администрација.

Како причина за одлуката се наведуваат загрижености за можни измами и безбедносни ризици, според информации од двајца американски функционери и интерен меморандум.

Остани поврзан