• понеделник, 23 септември 2024

СЗО: Европа сега е „епицентар“ за пандемијата на коронавирусот

СЗО: Европа сега е „епицентар“ за пандемијата на коронавирусот
Женева, 13 март 2020 (МИА) - Светската здравствена организација предупреди денеска дека Европа сега претставува „епицентар“ за глобалната пандемија на коронавирусот и регистрира повеќе заразени случаи дневно отколку Кина во жариштето на епидемијата на своја територија. - Европа сега стана епицентар на пандемијата, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција, Тој нагласи дека потврдените над 5.000 смртни случаи низ целиот свет претставуваат „трагичен знак“ во ширењето на болеста. гт/

Остани поврзан