• понеделник, 23 декември 2024

СЗО ќе расправа за новиот вид на коронавирус

СЗО ќе расправа за новиот вид на коронавирус
Женева, 22 декември 2020 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) ќе одржи утре состанок, на кој ќе бидат разгледани стратегиите за сузбивање на новиот вид на коронавирус, кој се појави во Велика Британија. - Ограничувањето на патувањата како дел од борба против ширењето на вирусот е мудро, се додека немаме повеќе информации, напиша на Твитер регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге, повикувајќи на зајакнати превентивни мерки. СЗО оцени дека станува збор за нормална етапа од развојот на пандемијата и ја пофали Велика Британија поради детектирање на новиот вид. Организацијата на ОН вчера соопшти дека новиот вид на коронавирус, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“. гт/

Остани поврзан