• сабота, 21 декември 2024

СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла

СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла

Женева, 20 ноември 2024 (МИА) - Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис, ја опиша здравствената состојба на северот на Газа како „целосен пекол“.

Таа изјави дека здравствените работници работат во крајно тешки услови, а потребите за медицинска помош секојдневно растат поради интензивните израелски напади.

Харис нагласи дека здравствената ситуација бара итна интервенција за да се спречи хуманитарна катастрофа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан