• петок, 22 ноември 2024

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима
Женева, 9 ноември 2022 (МИА) – Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација. Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000. Иако тоа е позитивен развој, премногу луѓе сè уште умираат, рече Тедрос за време на прес-конференција. - Речиси 10.000 смртни случаи неделно се 10.000 премногу за болест која може да се спречи и лекува, нагласи тој. - Ковид-19 сè уште е пандемија, рече епидемиологот на СЗО Марија Ван Керхове. Претходната недела, ширум светот беа пријавени околу 2,1 милион нови инфекции. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан