Се урна спортски авион на хрватскиот остров Брач
- На терен се екипите на брза помош, пожарникари и полицајци
Загреб, 28 јуни 2022 (МИА) - Спортски авион „Цесна“ утрово се урна на островот Брач, oбјави Слободна Далмација.
На терен се екипите на брза помош, пожарникари и полицајци.
Според првичните информации, преживеани се сите тројца патници, кои и самите побарале помош праќајќи пораки, откако изгубиле контрола врз авионот. бд/зш/