• понеделник, 23 декември 2024

Се урна мал авион во австриските Алпи

Се урна мал авион во австриските Алпи

Виена, 26 август 2024 (МИА) - Авион со шест седишта, од непознати причини се урна во австриските Алпи, на многу непристапен терен во планинскиот регион во близина на Бранднертал, во западна Австрија. Лесното летало било на пат од Италија кога одеднаш се урнало.

Екипите за планинско пребарување и спасување го пребаруваат регионот откако градоначалникот Клаус Бичи околу 10 часот ги алармирал сите итни служби.

Во тек е итна потрага по преживеани, но остатоците од авионот сè уште не се пронајдени. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат околу 100 членови на итните служби, вклучувајќи ја планинската спасителна служба, пожарникари и полицијата во близина на местото на несреќата за кое се верува дека се наоѓа во областа Долниот Бригела.

Поради густата магла, потрагата со хеликоптер засега е невозможна, соопшти Итната служба.

Сè уште не е познато колку патници имало во авионот кој е во приватна сопственост.

Авионот, наводно, е двомоторен модел Бичкрафт Барон 58 од 1978 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан