• сабота, 23 ноември 2024

Се урна зграда во Пакистан, 13 лица загинати

Се урна зграда во Пакистан, 13 лица загинати
Карачи, 9 јуни 2020 (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа при уривање на зграда во пакистанскиот град Карачи, соопшти денеска локалната полиција. Спасувачките екипи пребаруваат под урнатините, во случај да откријат дали има други жртви. Меѓу загинатите се седум мажи, пет жени и едно девојче. Во инцидентот се повредени најмалку шест лица, а се стравува дека под урнатините има уште луѓе. Поголемиот дел од становите во зградата биле празни, бидејќи властите уште во март предупредиле дека не е безбедна поради полемите пукнатини во ѕидовите, но спасувачите велат дека дошло до уривање откако станарите влегле во зградата да ја земат својата покуќнина. Уривањето на згради е честа појава во Пакистан, бидејќи објектите имаат слаба конструкција и се изградени од лош материјал. гт/

Остани поврзан