• петок, 15 ноември 2024

Се скрши голема трула гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта во Охрид

Се скрши голема трула гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта во Охрид
Охрид, 12 септември 2022 (МИА) - Се скрши голема гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта, што предизвика оштетување на дрвото што се наоѓа во близина на станбена зграда. Екипи на јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен ја отстрануваат трулата гранка, која падна ноќеска над објект и за среќа не повреди случајни минувачи. - Општина Охрид има управувачко право со чинарите. За таа цел пролетта ангажиравме експерт за кастрење и одржување, кој направи увид и даде насоки за неговио уредување. Гранката што падна е трула. Екипи на Охридски комуналец од утрово се на терен ја отстранија трулата гранка, информира за МИА општинската прес-служба. Наесен, кога ќе паднат лисјата, посочија дека повторно ќе побараат стручно мислење за правилно оформување на крошната на чинарот. Чинарот (Platanus orientalis L.) кај Кошишта е прогласен за природна реткост. Неговата старост се проценува на околу 300 години. На територијата на Охрид заштитени се вкупни седум стари Чинари. сс/цр

Остани поврзан