Се санира патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во беровско Русиново
- Во Берово во тек е санирање на патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во село Русиново. Активноста се реализира на иницијатива на жители од село Русиново, кои со сопствена механизација го сани

Берово, 24 јули 2022 (МИА) - Во Берово во тек е санирање на патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во село Русиново. Активноста се реализира на иницијатива на жители од село Русиново, кои со сопствена механизација го санираа патот околу споменатата месност.
-Патот е исчистен и пополнети се длабнатините кои се појавуваат со неговата амортизација. Сметаме дека ваквите акции помагаат за креирање и на други позитивни иницијативи од кои бенефит имаат сите граѓани, истакнаа организаторите.
Акцијата ја поздрави беровскиот градоначалник Звонко Пекевски кој апелираше во иднина да се иницираат повеќе вакви акции.
-Оддавам респект на граѓаните кои си го сакаат своето село и својата енергија решаваат да ја искористат во позитивни акции и иницијативи, кои секогаш треба да произлегуваат од заедницата за заедницата, рече Пекевски.
Општината, како што додаде, ќе продолжи со поддршка и учество во сите активности кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на своите сограѓани. вс/вј/
