• петок, 21 февруари 2025

Се расчистува снегот од собраќајниците во Дебарско

Се расчистува снегот од собраќајниците во Дебарско

Дебар, 12 јануари 2025 (МИА) - Општина Дебар  целосно е ангажирана во расчистување на снегот по улиците и тротоарите во градот,  како и на патните правци кон населените места, информираа од општината.

Снегот кој и понатаму врне создаде покривка од околу 30 сантиметри во градот, а на повисоките селски населби и многу повисока.

-Обилните врнежи се очекува да продолжат до доцна во ноќта. Нашите екипи за чистење се на терен и целосно ангажирани. Ве молиме да избегнувате непотребни движења во градот, за да им се олесни работата на екипите на терен за поефикасно расчистување на снегот, апелираат од општината.

Исто така, се замолуваат сопствениците на моторни возила да ги паркираат само на едната страна од улицата, за да се обезбеди полесен пристап на машините за чистење.

Максимално се ангажирани и екипите на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на регионални и магистрални патишта.

- Нашите екипи и механизација постојано се на терен во расчистување на снегот од коловозите, но снегот непрекинато паѓа па снег има. Препорачуваме без неопходна потреба да не се патува, но оние кои одлучиле да патуваат да бидат многу внимателни, велат од секцијата.

И во соседните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде снежната покривка достигнува и до половина метар, целосно се ангажирани во расчистување на патиштата. вт/хс/ 

Фото: МИА

Остани поврзан