• понеделник, 02 февруари 2026

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес кај ХИВ

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес кај ХИВ

Велес, 2 февруари 2026 (МИА) – Екипа од ЈП „Македонија пат “ Подружница Велес е на терен и  работи на  расчистување на поголем одрон од карпа која падна денеска  околу пладне на патот Градско - Велес кај поранешната Хемиска индустрија ХИВ.

Екипата од вработени  од ЈП „Македонија пат“ од велешката Подружница  замина на терен со машина скип - багер и  веќе работи на расчистување на карпата и оспособување на патот, информира за МИА, Ристе Коџобашиев  раководителот на оваа велешка подружница на ЈП „Македонија пат“.

Одронот на карпа е последица на обилните дождови и лизгавоста на теренот на овој дел од патот Градско - Велес.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан