• вторник, 23 јули 2024

Се поставуваат нова линија и приклучоци за технолошка вода во село Криволак

Се поставуваат нова линија и приклучоци за технолошка вода во село Криволак
Неготино, 4 октомври 2022 (МИА) - Градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов денеска информираше дека со средства од буџетот на општината, во селото Криволак, се изведуваат активности за поставување нова линија и приклучоци за технолошка вода. - Се работи во делот од селото, во којшто досега немаше вакво нешто. Со оваа активност, 35 домаќинства сега ќе можат да ги уживаат привилегиите од водата за наводнување на дворните површини, појасни градоначалникот Стојанов. Изведувач на работите е јавното преторијатие „Комуналец" од Неготино. свд/цр

Остани поврзан