Се подобрува патната инфраструктура во индустриската зона кај поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци
- Се подобрува патната инфраструктура во индустриската зона кај поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци, информираа од општината.
Кавадарци, 16 ноември 2020 (МИА) - Се подобрува патната инфраструктура во индустриската зона кај поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци, информираа од општината.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев соопштија дека оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот асфалт на дел од улицата „Индустриска“ во кругот на поранешниот дрвен комбинат„Страшо Пинџур“.
Според проектот на делницата поредвидена за ревитализација, покрај отстранувањето на стариот асфалт, ќе следи поставување на рабници, тампонирање и асфалтирање. Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустриските зони на градот, каде работат значаен број на фирми, појаснија од градоначалничкиот кабинет.
Оттаму посочија дека нова пешачка патека се гради на улицата „Бел камен“ во истоимената населба. Деновиве се поставуваат рабници со кои се формираат контурите на патеката, по што ќе следи поставување на бехатон коцки.
Изведувач на работите е фирмата „АС машини“ од Кавадарци. Општината ја гради патеката на барање на жителите од тој дел на градот.свд/фф/